Енцо го бара Енцо, но проблем се парите

Манчестер Сити во следните денови и дефинитивно ќе даде зелено светло за трансферот на Родри во Барселона, но Енцо Мареска јасно стави до знаење дека очекувa „граѓаните“ да донесат адекватна замена за МВП фудбалерот од последниот мундијал.

Елиот Андерсон веќе беше доведен за отштета од над 100 милиони фунти од Нотингем Форест, но Мареска е дециден дека англискиот репрезентативец не може да се смета за наследник на Родри, па бара нова фудбалска „ѕвезда“ да биде доведена на „Етихад“.

Италијанскиот стратег има и свој фаворит – Енцо Фернандес кој беше „командант“ на средниот ред додека Мареска го водеше Челси. Самиот Аргентинец исто така би сакал повторно да заигра за поранешниот тренер, но проблем претставува отштетата на кој инсистира лондонскиот клуб.

Челси плати нецели 100 милиони евра за да го доведе Енцо од Бенфика, па премиерлигашот веќе испрати јасна порака дека нема намера да го продаде за помалку од 140 милиони евра. Токму поради оваа проценка на „сините“ раководството на Реал воопшто не стартуваше посериозни преговори за Фернандес, па останува да се види дали Сити ќе тргне во офанзива за да ја исполни желбата на тренерот или ќе се насочи кон други, поевтини опции на пазарот.

Се вчитува...