Епски меч: Најдобрата женска пресметка во историјата на Австралија опен

Романката Симона Халеп и Американката Лорен Дејвис го одиграа еден од најдобрите мечеви во историјата на Австралија опен во женска конкуренција.

Халеп по речиси четири часа игра славеше против Дејвис по пресврт со 4-6,6-4,15-13 и се пласираше во осминафиналето на АО. Двете го израмнија рекордот на Грандслем турнирот во Мелбурн одигрувајќи 48 гема, повторувајќи го резултатот на Чанда Рубин и Аранча Санчез Викарио од 1996 година.

Дејвис пропушти три меч топки при 11-10 во последниот сет, а потоа на 11-11 мораше да добие и медицинска помош поради проблеми со прстите, додека Романката очигледно беше дека едвај стои на нозе.

„Немам поим како ми изгледа зглобот. Речиси сум мртва“ – рече Романката по мечот.

Одличен меч одигра и Плишкова која во „чешката војна на нерви“ ја совлада сонародничката Луси Сафарова со 7-6(6),7-5.

Се вчитува...