Ерик Тен Хаг пред потпис со Манчестер Јунајтед!?

Манчестер Јунајтед е во напредна фаза од преговорите за нов менаџер, а во наредните денови треба да биде промовиран Ерик Тен Хаг во нов шеф на стручниот штаб, за сезоната 2022/2023.

По долгите шпекулации, своето популарно „Here we go“ го даде угледниот трансфер-гуру Фабрицио Романо. Според неговото пишување, Јунајтед и Ајакс работат на последните детали за тренерот да биде ослободен од договорот, за што тимот од Холандија ќе добие два милиони евра.

Ралф Рангник според планираното ќе продолжи во тимот на консултантска функција, а водењето на Манчестер Јунајтед до крајот на сезоната ќе го преземе Тен Хаг. Тој ќе ја добие довербата на управата на „црвените ѓаволи“ и се очекува да потпише договор до 2025 година, со опција за продолжување на уште една. Како негов асистент се очекува да пристигне сонародникот Мичел ван дер Гаг.

 

 

 

Се вчитува...