Тотенхем без помошта на Кејн и Сон делуваше безопасно кон голот на Ајакс, а Кристијан Ериксен по натпреварот посочи дека неговиот тим скапо ја платил цената за очајниот старт на мечот.
„Тоа немаше врска со тактика, едноставно почнавме пребавно. Дваесет минути само стоевме на теренот и гледавме како Ајакс игра фудбал. Скапо плативме за тоа, примивме гол и не успеавме да израмниме до самиот крај. Не променивме ништо посебно во продолжението, само заигравме поагресивно, како што требаше од самиот старт“ – разочарано изјави Ериксен.
Тој не сакаше да користи било какви изговори за денешниот пораз.
„Сега некој ќе се потсети на Кејн и Сон, но не треба да измислуваме изговори. Ова е полуфинале од Лигата на шампионите, меч за кој секој сонува да го игра и факт е дека ние моравме да изгледаме подобро на теренот, без разлика кој е здрав, а кој не може да ни помогне“ – искрено коментираше плејмејкерот на „спарси“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА