Ерменија не успеа да победи ниту против аутсајдерот Лихтенштајн (ВИДЕО)

Ерменија одигра само 1-1 против Лихтенштајн на домашен терен во 6. коло од квалификациите за Светското првенство 2022 година.

И на овој меч се покажа дека Ерменија не е доволен квалитет и дека првото место и максималните девет бода по првите три меча беа лажна слика за оваа репрезентација.

Ерменците поведоа во судиското надополнување во првото полувреме со голот на Мхтаријан од пенал, додека конечните 1-1 ги постави Фрик во 80. минута.

 

 

 

Се вчитува...