Ерменците пристигнаа во Скопје. Минасјан со само една измена во однос на тимот со Лихтенштајн

Репрезентативците на Ерменија попладнево пристигнаа во Скопје, пред утрешниот дуел од Лигата на нации против Македонија, веднаш сместувајќи се во хотелот „Мериот“ во центарот на главниот град.

Селекторот Вардан Минасјан во Скопје поведе 23 фудбалери притоа со само една измена во однос на тимот од мечот против Лихтенштајн. Поради повреда во Ереван остана дефанзивецот на Пјуник, Армен Манучарјан а на негово место повик доби членот на Банантс, Нарег Петросјан.

Денеска од 18 часот Ерменците ќе го одработат на „Филип Втори“ и единствениот тренинг пред утрешниот натпревар со Македонија.

Се вчитува...