Селекторот на репрезентацијата на Ерменија, Вардан Минасјан, го објави списокот од 24 фудбалери кои ќе бидат во конкуренција за стартните две средби од Лигата на Нации, домашниот дуел со Лихтенштајн, а потоа и гостувањето во Скопје против Македонија. Прва „ѕвезда“ на Ерменците дефинитивно е Хенрик Мхитарјан, кој игра во премиерлигашот Арсенал каде е стандарден првотимец. Нашите дефанзивци за ривал ќе имаат и добро познато лице – Тигран Барсегјан кој настапува во Вардар, а од кого на 9 септември ќе доаѓа главната опасност по голот на „црвено-жолтите“.
Воедно, ерменскиот селектор објави дека поранешниот играч на Вардар, Хамбарџумјан, не е на списокот бидејќи нема клуб, исто како и Јура Мовсисјан и Гаел Анонијан. Исто така, тој нема да може да смета на повредените Ховханисјан, Кориан, Бабајан и Аветисјан.
ГОЛМАНИ: Арсен Бегларјан (Лиепаја), Арам Хајрапетјан (Банантс), Анатолиј Аивазов (Банантс).
ОДБРАНА: Вараздат Харојан (Урал), Арарат Монро (Бојачи Чико, Колумбија), Андре Шалишер (Гетеборг), Храир Мкојан (Алашкерт), Артак Једигарјан (Алашкерт), Армен Манучаријан (Пјуник), Тарон Восканијан (Алашкерт).
СРЕДЕН РЕД: Иван Јаган (Еупен), Геворг Газарјан (Чавеш, Португалија), Хенрик Мхитарјан (Арсенал), Маркос Пицели (Актобе), Едгар Малакјан (Житису), Арас Озбилис (Вилем II), Карлсен Мкрчјан (Пјуник), Гор Малакјан (Арарат), Алик Аракелјан (Пјуник), Ерик Варданјан (Пјуник), Руманиан Ховсепјан (Пјуник).
НАПАД: Саргис Адамјан (Регенсбург), Артур Саркисов (Јенисеј), Тигран Барсегјан (Вардар).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА