Ернест Ѓока промовиран во нов тренер на Шкендија

Актуелниот фудбалски шампион на Македонија го промовираше Ернест Ѓока во нов тренер на клубот. Се очекува уште денеска 49-годишникот да го има првиот тренинг со клубот.

„Доаѓам во професионален клуб кој е многу добро конструиран. Моите први импресии се одлични. Подготвен сум за предизвикот кој се бара од мене. Знам дека мораме да победуваме, да ја освоиме титулата во домашното првенство, да играме во Лигата на Европа, а зошто да не и во Лигата на шампионите“, изјави Ѓока. 

Ѓока го водеше албанскиот тим Кукс до титулата во домашното првенство и купот, a во кариерата ги предводеше и екипите на Аполинија, Томори, Фљамуртари,Влазнија и Камза.

Се вчитува...