Ете чудо и во НБА: Шампионот Голден стејт загуби со 40 разлика! (ВИДЕО)

Кошаркарите на Јута го понижија шампионот Голден стејт победувајќи во синоќешниот натпревар со неверојатни 119-79.

Донован Мичел постигна 22 поени со руки рекорд по бројот на тројки. Со четири на овој меч стигна до 186 оваа сезона, надминувајќи го Демијан Лилард. Го следеша Фејворс со 16 поени и 9 скока како и Рики Рубио со 13 поени. Јута со шестата едноподруго победа, а трета во четири дуели со Вориорси, стигна на победа од третопласираниот тим во конференцијата, Портланд, со кого игра во последното коло.

Од друга страна, Голден стејт го доживеа најтешкиот пораз под водство на Стив Кера. Клеј Томпсон постигна 23 поени, а Кевин Дурант само 13 поени.

Шампионот регуларниот дел од сезоната го заврши со ефект од 58-24 на втората позиција на Западот.

Хјустон славеше против ЛА Лејкерс со 105-99 со 22 поени на Крис Пол, додека Џејмс Харден постигна 21 поен и 10 асистенции. Тексашаните победија 31-ви пат во последните 34 меча.

Вашингтон славеше против Бостон со 113-101 во дербито на Истокот во кое Џон Вол стигна до 5.000 асистенции во кариерата. Ги имаше 12 на овој меч со 29 поени, помогнувајќи на својот тим да ја прекине серијата од четири порази и во последниот меч да се обиде да ја избегне последната позиција за плеј-офот.

Феникс убедливо славеше против Далас со 124-97, Шарлот ја надигра Индијана победувајќи со 119-93 со 24 поени на Камински.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...