Етиопијката Јешане го подобри светскиот рекорд во полумаратон

Eтиопијката Абабел Јешане утринава на полумаратонот РАК во Обединетите Арапски Емирати го собори светскиот рекорд, поставувајќи време од 1:04.31 час. И второпласираната Бриџит Косгеи (1:04.49) истрча побрзо од претходниот светски рекорд кој беше во сопственост на Џојселин Џепкосгеи (1:04:51), а го постави во Валенсија во 2017 година.

Во машка конкуренција победата му припадна на Кибвот Кандие кој беше подобар од три кратниот светски шампион во полумаратон Џефри Камворор кој минатата седмица на домашното првенство во крос кантри на Кенија го освои првото место.

Годинава на атлетски план почна одлично. Младиот Швеѓаенец, Арманд Дуплантис два пати во една недела го уриваше рекордот во скок со стап, кој сега изнесува неверојатни 6.18 метри.

Се вчитува...