Камерунскиот интернационалец Самуел Ето ја напушта Анталијаспор и се сели во Кина. Тој доби богата понуда од кинескиот второлигаш Далијан жифанг има период од седум дена да го комплетира трансферот во овој клуб, со оглед дека преодниот рок ќе се комплетира на последниот ден од февруари.Далијан го предводи Хуан Рамон Лопез Каро, стратегот кој беше на кормилото на Мајорка кога Самуел Ето блесна во Шпанија, па сега овој тандем би можел повторно да биде заедно во Кина. Клубот има големи амбиции за пласман во елитното кинеско фудбалско друштво, а ангажманот на Ето би бил полн погодок за навалната линија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА