Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска (18.45 часот) го играат првиот домашен натревар против Шафхаузен во Лигата на Европа. По почетниот минимален пораз од ГОГ во Данска, избраниците на Бабиќ се надеваат дека денеска ќс стигнат и до триумф со кој би си ги зголемите шансите за пласман во следната рунда.
Добра вест за „пелистерци“ е што сите ракометари кои беа заболени од Covid-19 сега се здрави и ќе му бидат на располагање на тренерот Бабиќ.
„Шафхаузен е квалитетна екипа, подолго време играше во Лигата на шампионите, имаат доста репрезентативци на Швајцарија. Сепак, мислам дека ние сме поквалитетна екипа и ќе победиме. Се знае каква атмосфера се прави кога има навивачи во Битола. Тоа ни беше голема помош минатата сезона и многу ќе ни недостигаат нашите фанови. Но, така е за сите екипи, па и за нас и мора да се навикнеме“, истакна Мартин Велковски, македонскиот репрезентативец во редовите на Еурофарм Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА