Еве зошто не се слуша совет од Кристијано за одбрана (видео)

Кристијано Роналдо е „закон“ во Ал Наср, а соиграчите го слушаат дури и при доделувањето на задачите во дефанзива, што дефинитивно не му е специјалност на Португалецот.

Доказ за тоа е дуелот со Ал Абха, кога при изведувањето на „скратен корнер“ на противникот Кристијано викаше по еден од соиграчите да не стојат двајца во живиот ѕид и да помогне во шеснаесетникот.

Советот беше прифатен, но беше сосема погрешен бидејќи Набил Фекир го искористи „подарокот“ од Роналдо, виде  дека има простор крај живиот ѕид и ја смести топката директно во мрежата.

Кристијано дефинитивно треба да се слуша за совет само кога е на противничката половина, особено во шеснаесеетникот.

Се вчитува...