Бразилската јавност е бесна на селекторот Карло Анчелоти поради одлуката по досудениот пенал за „кариоките“ ударот од белата точка да го изведе Бруно Гимараеш, а не Винисиус, кој беше вистински лидер на Бразилците на овој мундијал.
Помошникот Давиде Анчелоти веднаш по натпреварот објави дека таа одлука била донесена уште пред почетокот на осминафиналето, а селекторот Карло Анчелоти на прес-конференцијата обелодени дека Вини не бил ниту меѓу петте избори за пенал-мајстор против Норвешка.
„Правевме анализа на противникот, но исто така и анализа на нашите фудбалери. Според неа, најдобар изведувач кај нас беше Рафиња… потоа Нејмар, па Игор Тијаго, па Бруно Гимараеш и Мартинели. Од двајцата кои беа на теренот го избравме Бруно, верувавме дека тој е најдобрата опција“, обелодени Анчелоти.
Се останато е добро познато – Винисиус беше крај точката за пенал само за да му ја предаде топката на Бруно, кој не успеа да го матира норвешкиот голман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
