Евертон доби „корпа“ – Мурињо не сака да чуе за враќање во Премиерлигата

Евертон ја бара замената за Рафаел Бенитез на кого му врачија отказ по низата на слаби резултати. Фаворит број еден за „карамелите“ бил Жозе Мурињо.

Тие го исконтактирале Португалецот и му понудиле договор, но Мурињо веднаш ги одбил.

Досега Мурињо неколкупати има изјавено дека сака да го испочитува тригодишниот договор со Рома и да остане на „Олимпико“ најмалку тие три години. „Специјалниот“ поминува бурни времиња во Рим, но засега со мислите е насочен единствено кон Серија А, вака барем пренесуваат блиски извори до фудбалскиот стратег.

Се вчитува...