Евро-гол на Вилијан, Арсенал лесно го реши ВБА… (ВИДЕО)

Арсенал запиша убедлива победа од 3-1 против ВБА во 35. коло од Премиерлигата иако е без посериозни шанси за европски излез.

Но, во натпревар за престиж „топчиите“ победата ја најавија со два гола уште во првото полувреме. Најпрво Смит во 29. минута стрелаше за 1-0, а Пепе во 35. минута донесе предност и од 2-0.

Во второто полувреме најпрво гостите со голот на Переира во 67. минута намалија на 2-1, а Вилијан во 90. минута од слободен удар постигна евро-гол за конечни 3-1.

Се вчитува...