Евро-куп: Димитријевиќ постигна седум поени, Валенсија загуби од Гран Канариjа

Во кошаркарскиот Евро-куп, вечерва се одигра дербито меѓу првопласираниот и второпласираниот тим на табелата. И, сосема ги оправда очекувањата, со оглед дека Гран Канарија ја победи Валенсија со еден поен разлика, и тоа дури по продолженијата.

Ненад Димитријевиќ во гостинскиот тим успеа да постигне седум поени, притоа да има два скока и пет асистенции за 26 минути минати на паркетот.

Валенсија го запиша четвртиот пораз во Евро-купот, додека Гран Канарија се зацврсти на првото место на табелата со скор 9-2.

Се вчитува...