ПСЖ е во исчекување на доаѓањето на Нејмар, но Дани Алвеш во меѓувреме покажува дека исто така ќе биде големо засилување за „светците“ сезонава, откако десниот бек го предводеше својот нов тим до триумф над Монако во рамките од Супер-купот на Франција (2-1).
„Кнезовите“ имаа предност од еден гол по првото полувреме откако Сидибе одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник, но потоа во вториот дел на сцена на стадионот во Мароко стапи Алвеш. Бразилецот, кој од тренерот Емери доби офанзивна улога во тимот, играјќи странично зад Кавани, најпрвин постигна еврогол од слободен удар, за потоа на негова асистенција Рабио да го комплетира пресвртот и да му го донесе пехарот од францускиот Супер-куп на тимот од главниот град.
Monaco – PSG 1-0 but de Djibrile Sidibe 29/07/2017 by skizofreno
Daniel Alves Goal HD – AS Monaco 1 – 1 Paris… by jason-pitt1
Adrien Rabiot Goal HD – Monaco 1-2 Paris SG 29… by Football–Live
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА