Евролигата му забрани на Монако да регистрира нови кошаркари и тренери

Евролигата на вицешампионот Монако му забрани да регистрира нови играчи и тренери поради кршење на кодексот на најсилното кошаркарско натпреварување.

Одлуката стапува на сила веднаш и ќе трае се додека Дисциплинската комисија не донесе нова одлука за случајот.

„Комисијата за контрола на управувањето (MCC), независна комисија која ги разгледува финансиските резултати на клубовите и нивната усогласеност со релевантните прописи, покрена постапка до Финансискиот панел против АС Монако за прекршување на членовите 32.a), 32.c) и 32.d) од Дисциплинскиот кодекс на Евролигата, во врска со неисполнети обврски, неможност за доставување на потребната документација и недостаток на соработка.

Во исчекување на конечна одлука по ова прашање, Финансискиот панел изрече привремена мерка со која му се забранува на АС Монако да регистрира нови играчи и тренери. Оваа мерка стапува на сила веднаш“, стои во соопштението на Евролигата.

Монако оваа недела го очекуваат гостувања во Белград против Партизан и Црвена Звезда.

Се вчитува...