Евролигата му забрани трансфери на Олимпијакос, а под истрага е и Панатинаикос

Евролигата издаде соопштение во кое наведува дека кошаркарскиот клуб Олимпијакос добива забрана за доведување на играчи и на тренери. Казната влегува во сила веднаш. „Црвено-белите“ од Пиреја се казнети поради непочитивање на финансискиот фер-плеј.

На Олимпијакос му е забрането да регистрира нови кошаркари се додека не го подмири преостанатите долгови, а грчкиот гигант веднаш најави желба на оваа одлука на раководството на Евролигата.

Исто така и вториот грчки клуб Панатинаикос е под истрага. Поточно, продолжува мониторингот за финансиското работење на „зелените“ кое започна уште во април 2019 година.

Се вчитува...