Словенија со 3-2 ја совлада Франција во меч за третото место на ЕП во одбојка. Словенците најпрво се доближија, а потоа се оддалечија од победата, за во финалниот сет да покажат сила и да дојдат до триумфот.
Првиот сет го добија Словенците со 25-22. Во вториот одиграа уште подобро, и поведоа со 2-0 (25-16). Сепак, Франција се врати добивајќи ги следните два сета. Најпрво 25-21, а потоа и 25-18.
Во решавачкиот сет, сепак, подобри словенечките одбојкари со 15-11 за европска бронза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА