Европската кајак-елита на Матка (фотогалерија)

По двата натпреварувачки дена на патеката на реката Вардар, возбудувањата од Европското Првенство за кајак и кану се преселија на езерото Матка, каде на ред дојдоа натпреварувањата на диви води.

Французинката Клер Брен го освои златното место вокатегоријата кајак К1 за жени , пред својата сонародничка Лиз Вине и Швајцарката Мелани Матис. Во дисциплината Ц1 за мажи златниот медал го освои Чехот Сланина, додека во дисциплината Ц2 можевме да проследиме тотална доминација на Французите кои ги освоија трите медали, со тандемот Дебреј – Палоуант на највисокото место на пиедесталот.

Во дисциплината К1 за мажи доминираа словенечките репрезентативци, па така Вид Дебељак го освои првото место, пред своите сонародници Знидарчиќ и Уранкар.

[new_royalslider id=”639″]

Се вчитува...