Европските гиганти можат да го започнат наддавањето за Деклан Рајс

Деклан Рајс, еден од најбараните англиски фудбалери во изминатите трансфер периоди конечно ќе ја промени средината. Англискиот репрезентативец беше трансфер цел на Челси и Манчестер Јунајтед, но не добиваше дозвола за заминување од страна на раководството на Вест Хем.

Но, за разлика од претходните сезони сега работите се променети. „Чеканите“ оваа сезона се борат за опстанок па раководните лица нема да застанат на неговиот пат да заигра во Лигата на Шампиони и ќе му искочат во пресрет со дозвола за заминување, пренесуваат англиските медиуми.

А, Вест Хем од трансферот добро ќе заработи со оглед на тоа што минималната цена за трансфер ќе изнесува 100 милиони фунти. Во игра за неговиот потпис продолжуваат да бидат Челси и Манчестер Јунајтед, но во трката се приклучија Арсенал и Интер.

Рајс потекнува од младинската школа на Челси и во претходните години преферираше „камбек“ на „Стемфрод Бриџ“, но со оглед на амбициите и фактот дека Челси нема да биде дел од ЛШ мала е веројатноста дека ќе го облече синиот дрес. Арсенал е сериозен во обидите, Артета веќе извесно време го следи англискиот репрезентативец, но ќе биде интересно да се види дали „топчиите“ ќе се согласат на сумата што ја бара Вест Хем.

Се вчитува...