Ф1: Хамилтон ја прекина серијата на Ферари со победата во Сочи

Актуелниот Формула 1 шмпион и актуелен лидер во поредокот, Луис Хамилтон потврдува дека и сезонава ќе ја освои титулата откако со победата на трката за Големата награда на Русија на патеката во Сочи ја забележа деветтата победа сезонава. Со успехот тој ја прекина победничката серија на Ферари чии возачи триумфираа на трите претходни трки. Хамилтон добива и дополнителе бод за најбрз круг на трката. За Хамилтон во Сочи ова е четврта победа, 82 вкупно во кариерат.

Во еден-два победата на Мерцедес, Валтери Ботас кој постојано му го чуваше грвот на Хамилтон од Шарл Лекер заврши на втората позиција на победничкиот подиум. Младиот пилот на Ферари заврши на третото место, а неговиот тимски партнер, Себастијан Фетел не ја заврши трката откако возилот му застана на патеката.

За Мерцедес ова е осма еден-два победа сеознава, пава по ваквиот успех во Силверстоун. По оваа трка Хамилтон има 320 бода, 37 пред Ботас и дури 107 пред Леклер.  107 пред Леклер 37 пред Ботас. До крајот од сезоната има уште пет трки, следната е по две седмици во Јапонија.

 

Се вчитува...