Ф1 не мирува: Болиди низ улиците им го разубавија денот на жителите во Холандија (ФОТО)

Викендов во Зандворт првпат по 35 години требаше да се вози Големата награда на Холандија за Формула 1. Се беше подготвено за големото враќање на легендарната патека, но коронавирусот уништи се па сега мали се шансите трката да се одржи оваа година.

Но, иако Формула 1 мирува, друштвото од Ред Бул се одлучи сепак малку да ги вози своите болиди низ улиците во Холандија. Во одлично видео кое го сними Холанѓанецот, Макс Ферстапен на своите колеги преку Ф1 болидите им ги покажа убавините на Холандија.

Ферстапен се прошета низ Ротердам, па Ден Хаг и на крај да заврши во Зандфорт.

Се вчитува...