ФА Куп: Сензацијата се вика Линколн

Линколн е најголемото изненадување во ФА Купот на Англија сезонава откако екипата што се натпреварува во англиската конференција (петто по ранг натпреварување) успеа да обезбеди место во четвртфиналето. По елиминациите на Ипсвич и Брајтон од Чемпионшип-дивизијата, фудбалерите на Линколн попладнево го направија најголемото изненадување, откако славеа на гостински терен против премиерлигашот Барнли со минимални 0-1.

Одбраната на Линколн одолеа на нападите на домашните фудбалери, за потоа гостите да искористат една од ретките шанси што ја создадоа и со гол во 89. минута да стигнат до четвртфиналето, најголем успех во историјата на овој клуб.

Sean Raggett Goal HD – Burnley 0 – 1 Lincoln… by worldfoot

Се вчитува...