ФА Куп: Шпанците го одведоа Челси во четвртфинале

Челси има удобна предност на врвот на премиерлигашката табела, а тимот на Антонио Конте чекори сигурно и во ФА Купот на Англија. Лондонскиот клуб обезбеди пласман во четвртфиналето од ова натпреварување откако вечерва славеше со 0-2 на гостувањето против Вулверхемптон. „Волците“ во минатото коло го шокираа Ливерпул, но овојпат немаа сила да изненадат уште еден фаворит.

Среќата му го сврте грбот на аутсајдерот откако при резултат 0-0 домаќините го погодија дирекот од голот на Беговиќ. Казната стигна во второто полувреме, кога двајцата Шпанци на Челси му ја донесоа победата на овој тим. Најпрвин Педро го отвори резултатот по одличниот центаршут на Вилијан, додека конечните 0-2 ги постави Диего Коста во 89. минута.

Pedro GOAL (0:1) Wolves vs Chelsea by OfficialGoals

Diego Costa Goal HD Wolverhampton Wanderers 0-2… by ak-productions

Се вчитува...