ФА отвори истрага – Бернардо Силва го очекува голема казна поради расизам

Англиската фудбалска федерација (ФА) отвори истрага против фудбалерот на Манчестер сити, Бернардо Силва кој на социјалните мрежи објави фотографија од Бенџамин Менди и карикатура на афроамериканско дете, заштитен знак на чоколадите „Конгитос“.

Иако станува збор за „сеир“ меѓу двајца тимски колеги, ФА фотографијата ја смета за расизам, пошто на португалскиот ас му се заканува суспензија. Силва има рок до 9. октомври да ја изнесе својата страна од приказната до ФА и да докаже дека немал никакви расистички намери, туку само сакал да се пошегува со својот пријател со кој се познаваат уште од времето во кое настапуваа за Монако.

Доколку ФА одлучи да го казни Бернардо Силва, тој ќе биде во „аут“ и за дербито против Ливерпул кое на програмата е на 10 ноември.

Се вчитува...