Фалкао: Со скршено срце, но горд сум на се што направивме во Русија

Искусниот колумбиски напаѓач Радамел Фалкао на емотивен начин го коментираше испаѓањето на неговиот национален тим од Светското првенство во Русија.

Колумбија по пеналите синоќа е елиминирана во осминафиналето од Англија, а офанзивецот на Монако потенцираше дека сите во тимот се со скршени срца но и горди за се што направија на Мундијалот 2018.

„Со скршено срце, но горд на се што направивме на Светското првенство во Русија. Горд сум на овој тим, дадовме се од себе на теренот за Колумбија. Горд сум што сум Колумбиец“ – порача Фалкао.

Легендарниот напаѓач веројатно го одигра и последниот Мундијал со оглед на своите 32 години. Многу е веројатно дека, всушност, ова беше и негов последен настап во дресот на Колумбија.

Се вчитува...