Храватот Иван Перишиќ е во центарот на вниманието на фудбалската јавност откако демонстративно замина од редовите на Хајдук Сплит, клубот од детството во кој спектакулрано се врати откако заработи тешка повреда.
Повредата е надмината, а 35-годишникот е во потрага по нов клуб. Гласините го донесоа до Барселона каде наводно новиот тренер Ханси Флик изразил желба да го има во своите редови за нова успешна соработка по оваа во Баерн Минхен кога во 2020 година заедно ја освоија триплетата – Бундеслигата, Купот на Германија и Лигата на Шампиони.
Фановите на Барселона сепак се против овој трансфер, изразувајќи го незадоволството преку социјалните мрежи. Дел од коментарите кои можат да се најдат на фан страните на каталонскиот тим јасно ставаат дознаење дека ветераните не му се потребни на овој клуб.
„Апсолутно не. Наместо да им даваме шанса на младите, атрактивните фудбалери ние стануваме дом за стари лица“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА