Фановите на Ливерпул разочарани, Џерард откри која легенда од Јунајтед му помага во тренерската кариера

Легендарниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард, кој по играњето фудбал започна тренерска кариера, откри дека легендарниот Сер Алекс Фергусон, поранешен стратег на Манчестер Јунајтед, му помага да ги подобри своите вештини на клупата на Глазгов Ренџерс.

Целиот престој на Џерард во Ливерпул го одбележаа дуелите против најлутиот ривал на Островот, Манчестер Јунајтед, а тогаш легендарниот шкотски стручњак цело време седеше на клупата на „црвените ѓаволи“. Времињата се променија во средината на последната деценија. Фергусон го напушти Јунајтед во 2013 година, а Стивен ја заврши својата кариера во Ливерпул две години подоцна.

Тој е на клупата на Ренџерс од 2018 година, а на јавноста и откри дека често е во контакт со Фергусон.

“Фергусон има време за мене и ние често разговараме на телефон со цел да ги разјаснам дилемите кои ги имам, да се биде тенер на Ренџерс не е лесна работа. Тој е фантастична личност. Јас посакав да имам можност да седнам со него и да испијам кафе. Тој се согласи. Тој не е само примитивен тренер каков што сите го познаваме“, откри Џерард, кој беше именуван за тренер на сезоната во Шкотска.

Да потсетиме, Ренџерс сезонава стигна до титулата на убедлив начин, и на две кола пред крајот на сезоната избегаа од второпласираниот Селтик со дури 23 поени разлика.

Се вчитува...