Фантастичен дуел на „Енфилд“ – со четири гола, Ливерпул и Манчестер Сити ги поделија бодовите

Дербито на седмото коло во Премиерлигата помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити заврши без победник (2-2). По мирното прво полуреме, двата тим блеснаа на теренот во вторите 45. минути во кои беа постигнати четири гола. Ливерпул два пати беше во водство, а Манчестер Сити два пати се враќаше во игра.

Натпреварот го отвори Садио Мане во 59. минута, а десет минути подоцна Фил Фоден донесе изедначување за својот тим. Салах „танцуваше“ во шестнаесетникот на противникот и во 76. минута го врати Ливерпул во водство, а конечниот резултат го постави Кевин де Брујне во 81. минута со удар надвор од шестнаесетникот.

До крајот на мечот Фабињо имаше одлична шанса да го доведе својот тим во ново водство, но празниот гол го спаси Родри.

Се вчитува...