Фантастична партија на репрезентативецот: Талески го „торпедираше“ Фуксе Берлин

Македонскиот репрезентативец Филип Талески запиша извонредна партија во победата на Балинген од 31-30 (14-13) против Фуксе Берлин во 10. коло од германскиот шампионат.

Левиот бек на македонската репрезентација беше прв стрелец на мечот со осум голови, како и неговиот соиграч Одур Гретарсон. Во поразениот состав по шест погодоци запишаа Ханс Линдберг и екс-членот на Вардар, Мијајло Марсениќ.

Балинген на тој начин ја прекина негативната серија од четири порази во низа и после третата победа сезонава се наоѓа на 14. место со шест бода. Во следното коло Талески и Балинген на 3. ноември гостуваат на тимот на Минден.

Се вчитува...