Во дербито на четвртото коло во Бундеслигата, Баер Леверкузен со 2:0 го совлада Лајпциг.
Со триумфот, Баер скокна на петтото место на табелата со седум бодови, додека Лајпциг е осми со бод помалку.
„Фармацевтите“ поведоа во 44 минута со голот на Шик, откако десет минути претходно, на гостите им беше поништен гол поради офсајд. Голот на Шик може да го видите ТУКА.
Дилемите околу победникот беа решени во 57-та минута кога Гутиерез погоди за 2:0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
