„Фармацевтите“ го шокираа Лајпциг и сега гледаат кон ЛШ

Баер Леверкузен оствари убедлива победа (1-4) на гости против Лајпциг и се искачи на четвртата позиција на табелата во Бундес-лигата, која води во Лигата на шампионите следната сезона. Сега овој тим има два бода повеќе од Ајнтрахт Франкфурт и од Лајпциг во трката за четвртото место.

Лајпциг прв поведе со голот на Савицер во 17.минута, но „фармацевтите“ израмнија пред самиот крај на првиот дел со погодокот на Хаверц. Во вториот дел, Баер Леверкузен успеа да ги искористи своите шанси и славеше убедлив триумф. Брант ги доведе гостите во водство, Ретсос зголеми на 1-3, а конечниот епилог го постави Кевин Воланд.

Се вчитува...