„Фармацевтите“ имаат лек за ЛШ, падна Ајнтрахт

Баер Леверкузен го совлада Ајнтрахт Франкфурт со убедливи 4-1 во директната пресметка за пласман во Лигата на шампионите. „Фармацевтите“ сега имаат пет бода пред петтопласираниот Хофенхајм, кој исто така славеше со 2-0 против Хамбургер.

Џулијан Брант го отвори резултатот, а потоа Кевин Воланд постигна хет – трик за Баер Леверкузен. Единствениот погодок за гостите беше дело на Фабијан.

Хофенхајм славеше против Хамбургер со 2-0, со головите на Гнабри и на Салаи.

Херта беше поуспешна од Келн и победи со 2-1, а Штутгарт и Хановер ремизираа (1-1).

Се вчитува...