Фати по новиот договор: Не можам да бидам Меси, но ќе ја оправдам „десетката“

Барселона се соочува со сериозни финансиски проблеми поради кои претрпе огромни загуби во буџетот за оваа сезона, но каталонците кои мака мачат успеаја да ја осигураат иднината со нови договори на талентираните Шпанци, Педри и Ансу Фати.

Двајцата добија богати договори со клаузула од по една милијарда евра, а „потешка“ задача за оправдување на средствата се чини дека ќе има Фати кој ова оваа сезона ја носи „десетката“ на својот грб која му припаѓаше на Лео Меси. Такму на оваа тема говореше и самиот 18-годишник.

„Знам дека можам да му придонесам на тимот. Бројот 10 не ми претставува никаков притисок, напротив ми носи мотивација. Никој нема да биед како Лео, или како Пујол и Чави. Јас ќе одам по свој пат. Десетката можеше да ја добие и некој друг играч, но по среќен ред дојде до мене. Им благодарам на капитените кои ми ја понудија“, изјави Фати.

Се вчитува...