Фатих Терим: Чувајте се…, имав тешка битка со коронавирусот

Едно од најславните турски тренерски имиња, Фатих Терим успешно ја доби битката со коронавирусот, иако 66-годишниот стратег сведочи за тешки моменти со оглед на тоа што спаѓаше во критичната група на заболени од Ковид-19.

„Сакам да им порачам на сите дека ова не е нималку лесна битка. Повеќе од еден месец тешка борба. Сите мора да се внимателни, ова воопшто не е наивна болест. Веривајте не е никаква шега, го почувствував тоа на своја кожа“ – сведочи Терим за битката со коронавирусот.

За тренерот на Галатасарај сега претстои дополнителен карантин во домашни услови, во очекување, како што вели, и на што поскоро враќање на активностите во клубот.

Се вчитува...