Федерер: „Дубл“ со Надал за остварување на сонот за последниот меч во кариерата

Роџер Федерер ќе го одигра последниот меч во својата неверојатна кариера на Лејвер купот во Лондон. Веројатно најпопуларниот тенисер во историјата и сопственик на 20. гранд-слем титули во кариерата ќе излезе на теренот во петок во двојки.

Иако се уште не е решено кој ќе му биде партнер на тој меч, желбата на Швајцарецот е јасна.

„Би сакал да играм во пар со Рафа Надал. Апсолутно би било остварување на сонот за последниот меч во мојата кариера. Нема шанси да се вратам. Ова ќе биде моето последно натпреварување како професионален играч“, изјави Федерер.

Се вчитува...