Федерер е најстариот четвртфиналист на Австралија Опен во последните 40 години!

Роџер Федерер, според многумина најдобриот тенисер на сите времиња, запиша историја на Австралија опен со победата над Унгарецот Мартон Фусович на Австралија опен.

Федерер во осминафиналната пресметка славеше против Фусович со 6-4,7-6,6-2, па на свои 36 години стана најстар учесник во четвртфиналето на овој турнир уште од 1977 година и Кен Роузвол кој имаше 43 години и 59 дена.

Противник на Федерер во битката за полуфинале ќе му биде Чехот Томаш Бердих кој убедливо со 6-1,6-4,6-4 во осминафиналето го победи Италијанецот Фоњини.

Федерер и Бердих ќе се сретнат по 26-ти пат во своите кариера, а вториот светски рекет славел дури 19 пати досега. Ова за Федерер ќе биде 14-то четвртфинале на Австралија опен.

Се вчитува...