Федерер го најави својот „кам-бек“

Некогашниот светски рекет број 1, швајцарскиот тенисер Роџер Федерер го најави својот „кам-бек“ на тениските терени. Швајцарецот паузира веќе 10 месеци од тенисот, а сега најави дека би можел да се врати во септември за „Лејвер Куп“ во Лондон.

Федерер во рок од една година трипати правеше операција на десното колено.

„Работите полека напредуваат. Се оперирав на крајот од август и тогаш знаев дека ќе биде потребно малку повеќе време за опоравување“, изјави Федерер.

Некогашниот најдобар тенисер е фокусиран на физичката кондиција, и оди во вежбална 5-6 пати неделно.

„Морам да бидам трпелив и полека да напредувам. Верувам дека повеќе информации ќе имам во следните месеци“, изјави Федерер.

Се вчитува...