Федерер го престигна Тајгер Вудс на листата на милионерите

Роџер Федерер урна уште еден рекорд, овој пат според заработувачката од турнирите, и на милионската листа го надмина голферот Тајгер Вудс. Швајцарскиот тенисер во кариерата има освоено 95 турнири, вклучувајќи и 19 грен-слема. Со победата против Зверев на завршниот Мастерс во Лондон, Федерер стана спортист со најголема заработувачка од турнири во кариерата достигнувајќи 93,5 милиони евра.

Тајгер Вудс (41) долго време беше неприкосновен на оваа листа  и малку кој веруваше дека некој може да го достигне легендарниот голфер. Со 14 титули, Вудс беше машина за пари и долги години, маркетиншки најисплатив спортист. Само од турнирите, Вудс во кариерата има заработено 93,3 милиони евра.

Тој веројатно ќе ја надминеше и стотката, но последниве години е се подалеку од голф-терените. Личните проблеми и повредите го оддалечија од сериозните резултати, а со падот на резултатите падна и неговата заработувачка.

Од друга страна Роџер Федерер трае во континуитет и со 36 години се уште победува и освојува гран-слем титули, а годинава тешко дека некој ќе може да го сопре и на завршниот Мастерс. Швајцарецот го престигна Вудс за 200.000 евра во вкупната заработувачка од 93,5 милиони.

Се вчитува...