Федерер: Не планирам да играм 20 турнири годишно

Легендарниот швајцарски тенисер, Роџер Федерер вели дека не планира да игра многу турнири кога ќе се врати на тениските терени.

Федерер ќе го пропушти Вимблдон првпат од 1998 година, но планира да се врати на терените подоцна во сезоната, на Лејвер купот во септември и во родниот Базел во октомври.

„Секако не планирам веќе да играм по 20 турнири во годината, а знам дека моите деца би биле среќни повторно да видат некои места како Лондон или Мајами на пример“, изјави Федерер. 

Се вчитува...