Поранешниот швајцарски тенисер Роџер Федерер е во пензија веќе три години и има многу време да ја анализира својата кариера.
Новак Ѓоковиќ, неговиот голем ривал, еднаш рече дека кога ќе ја заврши кариерата, би сакал да седне со него и Рафаел Надал, за да се потсетат на славните времиња на светскиот тенис.
„Секако, ваквите соперништва создаваат сериозна врска. Денеска го гледам поинаку отколку порано, со многу поголема дистанца. Новак сè уште не знае како е. Рафа полека стигнува до таму. Кога сè уште играш, не можеш да размислуваш како што размислувам јас денес. Колку повеќе време поминува, толку помалку се идентификуваш како играч, туку ја гледаш пошироката слика. Дефинитивно сум за тоа да седнеме заедно и да разговараме за добрите времиња“, рече Федерер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

