Федерер со триумф над Џек Сок го отвори завршниот турнир во Лондон

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер со триумф над Џек Сок го стартуваше настапот на завршниот турнир во Лондон. Во арената „О2“, Федерер во рамките на групата Б, која го носи името на Борис Бекер, беше супериорен против Џек Сок.

Првиот сет Швајцарецот го доби со 6-4 во гемови, а во вториот се играше тај-брејк. Федерер успеа да го добие со 7-4 на поени и го комплетираше мечот со победа од 2-0 во сетови.

Во вториот меч од оваа група, Марин Чилиќ ќе ги одмери силите со Александар Зверев.

Се вчитува...