Федерер тргна со лесна победа во Базел

Роџер Федерер со лесна победа го стартуваше настапот на својот домашен турнир во Базел откако швајцарскиот великан вечерва без многу проблеми го совлада Американецот Тиафое со 2-0 во сетови.

За разлика од УС Опен каде американскиот тенисер му создаде многу проблеми, овојпат Федерер лесно го контролираше мечот и не му дозволи на противникот ниту една брејк шанса. Откако го доби првиот сет со 6-1, потоа во вториот на Швајцарецот му беше доволен само еден брејк за конечни 6-3 и пласман во следната рунда. Таму Федерер ќе се сретне со Французинот Пер, кој денеска со 2-0 во сетови го совлада Џонсон.

Во најинтересниот дуел Сок го совлада Поспишил со 2-1 во сетови, додека настапот прерано го заврши Долгополов, губејќи со 0-2 од Американецот Харисон.

Се вчитува...