„Фемили Аеродром“ со хуманитарна акција на мечот со Сплит: За помош на Борче Цветановски!

МЗТ Скопје вечерва од 18 часот во салата „Јане Сандански“ игра нов натпревар од АБА 2 лигата, овој пат против поранешниот европски шампион, хрватски Сплит.

За време на натпреварот најверните навивачи на МЗТ Скопје, „Фемили Аеродром“ активираат хуманитарна акција за финансиска помош на родител на свој член на кого му е неопходно итно лекување во странство по дијагноза за ретка и сериозна болест за која нема лек во Македонија. Влезот во салата нема да се наплатува, но затоа ќе бидат поставени кутии на кои секој присутен ќе може да донира, за помош на Борче Цветановски.

„Играме со поранешниот европски шампион, и наш долгогодишен ривал на Јадранот. Моментално една од подобрите екипи во АБА2 лигата и наш директен ривал за првите четири места. Но можеби тоа и не е најважно во моментов. На таткото на наш член, Борче Цветановски, му е потребно итно лекување во странство. Станува збор за Амилоидоза, ретка и сериозна болест за која нема лек во Македонија. За таа цел на натпреварот против Сплит билети нема да се наплатуваат, влезот ќе биде бесплатен, но затоа на влез и низ сала ќе бидат поставени неколку кутии за донации за помош на Борче Цветановски. Сите ве повикуваме да дадете колку можете. Се работи за итна ситуација и сега треба сите максимално сложни и заедно да помогнеме на нашиот брат и неговото семејство“ – се вели во повикот на „Фемили Аеродром“ пред денешниот натпревар со Сплит.

Од „Фемили Аеродром“ информираат и, за сите оние кои нема да може да бидат присутни во сала, дека е отворена трансакциска сметка за помош, секој согласно можностите за Цветановски:

За помош за Борче Цветановски за лекување во странство:

530-5000156569-21

Охридска банка АД Скопје

Се вчитува...