Актуелниот европски кошаркарски шампион, турскиот Фенербахче, објави дека двата домашни натпревари против израелски тимови во Евролигата оваа сезона ќе ги игра во Минхен, речиси 2.000 километри од Истанбул, од „безбедносни причини“.
Фенербахче ќе игра против Макаби на 11 ноември и против Хапоел два дена подоцна. Турскиот гигант го одигра и својот домашен натпревар против Макаби на неутрален терен минатата сезона, во Литванија.
Пред неколку дена беше потврдено дека некои натпревари од Евролигата ќе се играат и во Босна и Херцеговина. Имено, членот на АБА лигата, Дубаи, ќе го пречека израелскиот Хапоел во сараевската сала „Зетрa“ во Сараево. Тоа е дел од пошироката соработка меѓу Дубаи и КК Босна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

