Кошаркарите на Фенербахче го победија АСВЕЛ со 81-67 во деветтото коло од Евролигата, на домашен терен.
Фенер ја прекина серијата од два порази и го подобри овогодинешниот резултат на 4-5, додека АСВЕЛ сега има скор од 2-7, изедначен на последното место на табелата.
Натпреварот практично беше решен по првите 20 минути, најмногу благодарение на добрата одбрана на Фенер во првиот дел, кој заврши со 18-10.
Друштвото на Шарунас Јасикевичиус имаше +11 на полувремето, а до крајот на натпреварот рутински ја одржуваше својата предност и ја зголемуваше.
Најдобар во победничкиот тим беше Вејд Болдвин со 14 поени и седум асистенции, Мели имаше 12 поени и девет скока, Колсон постигна 11 поени, додека Биберовиќ и Хол имаа по десет.
На другата страна, Траоре со 18, Вотсон со 12 и Ендиај со 10 поени беа двоцифрени.
Дубаи, пак, загуби во празната „Зетра“ во Сараево од Хапоел Тел Авив со 97-109.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

