Фенербахче го совлада Милано, Жалгирис си поигра со Алба

Фенербахче полека но сигурно влегува во форма во кошаркарксата Евролига. Избраниците на Жељко Обрадовиќ стигнаа до четвртата победа во последните пет натпревари, откако на домашен терен го совладаа италијанскиот Милано со 73-64. Тимската игра беше главниот фактор во победата на тимот од Истанбул. Дури шест играчи завршија со двоцифрен учинок, меѓу кои најдобар беше Датоме со 14 поени. Кај гостите се истакна Тарчевски со 19 поени.

Литванската гордост, Жалгирис Каунас си поигра со германската Алба Берлин, совладувајќи со убедливи 104-80. Кеј Си Риверс со 17 поени беше најдобар поединец кај домаќините, додека кај поразените Лендри Ноко натпреварот го заврши со 15 поени.

Се вчитува...